Капитенот на Интер, Хавиер Занети го одигра 519 натпревар во дресот на Интер со што го изедначи рекордот на Џузепе Бергоми. На натпреварот против Болоња аргентинецот беше заменет на крајот од натпреварот и заработи стоечки овации фановите на “нероаѕурите“.


Сакам да им заблагодарам на сите фанови за овациите од трибините. Фановите секогаш ме прифаќале фантастично, уште од првите години во клубот, јас станав дел од големото семејство на Интер. Кога дојдов тука во 1995. година, никој не ме познаваше. Семејството на Морати сепак ги отвори вратите за мене и ние пораснавме заедно -рече Занети кој истакна дека ќе ја заврши кариерата во Интер.

Видео : Интер продолжува да гази

М.П.