
Меѓутоа, „Victoria’s Secret“ од неодамна има и линија на свечена облека, фустани, како и фармерки, а Лима покажала дека е совршен промотер и во вакви прилики.
Фотографиите од најновиот каталог ги преплавиле интернет страниците во изминативе неколку дена, а убавата бразилка добивала само пофални зборови за својот изглед.
Таа моментално се наоѓала во Њујорк каде ја промовирала новата колекција на Дона Каран, а претходно денот на вљубените го прославила со својот сопруг, кошаркарот Марко Јариќ.












