Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена во Милано традиоционално со својата фондација одржаа гала вечер на која собираат помош за дечињата во Србија.
Меѓу присутните гости беа светски познати имиња од спортот и модата, а најголемо внимание привлече 39-годишната Мишел Хунцинкер со својот изглед во црн фустан.
Мишел која има мешано швајцарско/данско потекло во светот е позната како поранешна сопруга на Ерос Рамазоти со кој во брак биле од 1998 до 2002 година.
Светските медиуми пишуваат за нејзината убавина и изглед иако сите на гала вечерта учествуваа за помошта на дечињата во Србија кои имаат проблем со финансиите за образување.
OhridNews