И покрај поставената ограда околу катедралната црква Света Софија, западната страна од објектот и понатаму претставува јавен тоалет и ноќно собиралиште на хулигани, се жалат жители од стариот дел од градот.

Тие со апел до црковните служби да преземат мерки за решавање на проблемот со цел да се заштити овој вреден верски храм и неговото дворно место.

Ова не смееме повеќе да го дозволуваме, а ни се случува и за ваков празник кога голем број верници се присутни во нашиот град за овој голем христијански ден, велат жителите кои се обратија до нашата редакција.

OhridNews