Поранешниот тренер на ФК Охрид 2004, Драган Антиќ се соочи со голема материјална загуба откако доцна синоќа му го запалиле автомобилот марка „Ауди“ во центарот на градот Врање. Антиќ кој го водеше Охрид во Првата лига изјави дека знае кој стои зад инцидентот, но ќе остави полицијата да ја заврши својата работа.

 

Јас во Врање каде што живеам немам непријатели. Тие се луѓе од Сурдулица. – изјави кратко српскиот стратег.

Српските медиуми веднаш ја пронајдоа снимката од безбедносни камери на која се гледа како едно лице го полива автомобилот со гориво пред да вивне во пламен.

Запален автомобилот на поранешниот тренер на ФК Охрид 2004 Драган Антиќ

 

OhridNews