Непознати сторители синоќа, околу 22 часот, го запалиле македонското знаме и го осквернавиле албанското знаме пред општинската зграда во Чаир.
Според информациите на полицијата, двете лица кои биле помлади ги спуштиле знамињата, македонското знаме го запалиле и го скинале јажето на кое било закачено албанското знаме кое паднало на земја.
Случајот го пријавил случаен минувач, а полицијата го расчистува случајот.
извор:Makfaks












