Во струшката Полициска станица вчера било пријавено дека на улицата „Партизанска“ непосредно до фудбалскиот стадион „Караорман“ е опожарено патничко моторно возило „СААБ“, без регистарски ознаки.
Пожарот е изгаснат од страна на струшката Противпожарна служба, а увид на лице место извршила екипа од Надворешна канцеларија за криминалистички работи -Струга, при што е констатирано дека возилото во целост е опожарено, а пожарот најверојатно е подметнат со лесно запалива материја од страна на засега непознато лице.
Полициската станица Струга презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот.
Ohridnews












