60-годишна охриќанка во полиција пријавила дека нејзиниот сосед запалил оган во неговото дворно место, при што во еден момент огнот се проширил и била зафатена пластичната мрежа и дрвата од разделната ограда помеѓу нивните дворови и постоела можност да биде зафатена нејзината куќа.

Оштетената го изгаснала огнот, а повредени лица нема, соопшти СВР Охрид.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews