Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишно лице од охридското село Лешани.

Пријавениот, во периодот помеѓу 26 и27 октомври оваа година, подметнал пожар на патничко моторно возило марка „Рено-4“ сопственост на лице од селото Оровник. Тој, со течност го полил задниот дел од возилото кое било паркирано во дворот од семејната куќа на оштетениот и го запалил, по што избегал од местото на настанот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

OhridNews