Претераната реакција на една жена во Тексас, која многу се исплашила кога видела змија во својот двор, довела до тоа да ја изгуби својата куќа во пожар.
“Додека чистела, видела змија, ја полила со бензин и ја запалила“, соопштила полицијата. Змијата побегнала во грмушка во дворот која се запалила, а пожарот набрзо се проширил и на куќата.
И покрај напорите на пожарникарите да ја спасат куќата, таа целосно изгорела. Оштетена е и соседната куќа.
Полицијата соопштила дека ја истражува причината за пожарот, но дека не е необично животно кое гори да направи пожар.
-Тоа може да се случи и со зајци и глувци. Кога започнува палење на тревата тие излегуваат од своите дупки и ќе ги зафати пожар, а тие го шират додека бегаат наоколу, раскажуваат пожарникарите, признавајќи дека ова е прв пат да слушнат дека змија предизвикала пожар.