Полицијата вчера на патот помеѓу струшките села Вишни и Горна Белица од автомобил со гостиварски регистарски таблички запленила марихуана и приведе дилер на дрога од соседна Албанија.

Вчера околу 11:30 часот полициски службеници од ПС за ГН-Франгово, по претходно добиени оперативни сознанија, на патот помеѓу селата Вишни и Горна Белица запреле патничко моторно возило „форд фокус“ со гостиварски регистарски таблички, сопственост на 41-годишно лице од гостиварското село Лакавица, управувано од државјанин на Албанија (20), во кое биле уште две лица од Р. Албанија. При преглед на возилото и лицата, била пронајдена марихуана, информираат од МВР.

Лицата се приведени во полициска станица, а едно од нив е задржано за натамошна постапка и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.

OhridNews