На граничниот премин Ќафасан, при контрола на патничкото моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата, царинските службеници, викендов, откриле 99 пиротехнички факли, марка „ЕНИГМА“, од кинеско потекло.

Непријавената стока била сокриена во две кутии и една најлонска кеса, сместени под предните седишта на возилото, соопшти Царинската управа.

OhridNews