Граничната полиција на преминот Стење, во соработка со Одделението за прекуграничен криминал Охрид, денеска приведе двајца државјани на Република Албанија за недозволена трговија на пастрмка. Е. Ш. (22) и М.А. (25) се обиделе да внесат 139 парчиња риба, информираат од СВР Охрид.

При контрола во патничко возило „нисан“, со албански национални ознаки, биле пронајдени 139 парчиња охридска пастрмка со вкупна тежина околу 90 кг,  кои биле предмет на недозволена трговија од Република Албанија кон Република Северна Македонија, вели портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Додава дека двајцата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

OhridNews