РЦ Запад поднесе кривична пријава против 40- годишно лице од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “криумчарење”.  

На 21- ви јануари од страна на полициски службеници на локалниот пат Струга-Радожда при контрола и преглед на патничко моторно возило марка “Мерцедес 190” со струшки регистарски ознаки сопственост и управувано од пријавеното лице на предното седиште од совозачот пронајдени се три најлонски кеси со риба  пастрмка, односно 38 парчиња со вкупна тежина од околу 20 кг, за која пријавениот не поседувал соодветна документација од каде истата е набавена.

OhridNews