Околу 300 детски играчки биле откриени од страна на мобилните царински тимови во текот на минатата седмица на патниот правец Кичево-Охрид, во близина нa влезот во Охрид. Играчките биле откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин.
Играчките, за кои возачот не поседувал документи за потекло и платени увозни давачки, се пронајдени во 4 најлонски вреќи и 2 катонски кутии сместени во багажникот и на задното седиште на возилото.
Истите се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
OhridNews