Во текот на вчерашниот ден, во голема акција на полицијата во охридско – струшкиот регион, пресечни се два меѓународни канали за транспорт на дрога, при што се запленети вкупно 65 килограми марихуана вредна 130.000 евра, а уапсени се седум лица.

Како што соопштија од Министерство за внатршни работи, врз основа на претходно добиените сознанија и анализираните податоци, констатирано е дека вчера околу 16 часот, 35 годишен жител од Радолишта и 33 годишен албански државјанин од селот Раица, кај Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, на 32-годишен охриѓанец му продале еден килограм марихуана.

Во 16:30 часот на влез во Струга, гореспоменатите се лишени од слобода, а при личен претрес на албанскиот државјанин, пронајдени и одземени се 76 000 денари.

При претрес на возилото во сопственост на 35-годишниот жител на струшко Радолшта,  во патничка торба пронајдени и одземени се 13 килгорами марихуана. Од слобода е лишена и неговата сопруга, кој при претресот се обидела да сокрие 250 грама од наркотичната дрога.

Исто така, полициските службеници извршиле претрес во собата на 32-годишниот охриѓанец во Специјалната болница „Св. Еразмо“, при што пронајдена и одземена е дрогата. Истиот, при обид за лишување од слободат се обидел да скокне од вториот кат на болницата, но во намерата бил спречен.

Покрај овие, уапсен е и 34 годишен жител од истото село, кој по претходно дадени инструкции на лицето од струшко Радолишта, требало да отиде кај него дома и од дворот да го земе возилото во кое била пронајдената марихуаната и да го сокрие заедно со доказите.

Против четирите лица ќе биде поднесена кривична пријава заради сомнение за сторено кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”, додека за 34 годишниот жител од селото Радолишта, ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека сторил кривично дело „помагање“.

Во вториот случај, вчера околу 18 часот кај Специјалнта болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, сопрено е патничко моторно возило со скопски регистарски ознаки управувано од 23 годишен скопјанец, кој бил заедно со уште две лица од главниот град. По дадената наредба на возилото да застане, лицата се обиделе да избегаат, но набргу биле фатени и лишени од слобода.

При извршениот преглед врз моторното возило, во багажникот пронајдени се и одземени 51 пакувања со наркотична дрога марихуана или околу 50 килограми марихуана. Утврдено е дека тие во текот на вчерашниот ден по претходен договор со непознати лица од Албанија, за неутврдена цена набавиле околу 50 килограми марихуана со цел истата да ја транспортираат до Скопје за понатамошна продажба.

Во врска со случајот на заплена на наркотична дрога марихуана извршени се два претреси на подрачјето на Скопје, при што кај лицето 23 годишниот скопјанец пронајдени се и одземени се 433.900 денари, 125 таблети сина боја во форма на срце. Против тројцата лица ќе биде поднесена кривична пријава заради сомнение за сторено кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекузори“.

OhridNews