Охридската полиција вчера рано утрото околу 03,40 часот спроти Градска плажа, во водите на Охридското Езеро, пронашла осум рибарски мрежи со улов од 19 парчиња риба-белвица.
Пронајдениот риболовен алат е запленет, уловената риба согласно законскиот договор е предадена на АД„Инес Горица“-Охрид.











