Во текот на минатите три недели, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани воздушни пушки, пригушувачи, оптички нишани и муниција за нив, риби и рибарски мрежи, употребуван погонски мотор за моторцикл, автоделови, цигари, додатоци на сихраната, бижутерија  и фалсификати.

Запленети се две воздушни пушки, 2 оптички нишани и 4.200 парчиња дијаболи, откриени при контрола на стока со потекло од Соединетите американски држави, наменети за македонски државјанин, пријавени за увозно царинење во царинската испостава Струга. Производите, кои не биле опфатени со царинската декларација, се привремено задржани, а против увозникот ќе биде поведена соодветна постапка.

30,6 килограми охридска пастрмка и 10 парчиња рибарски мрежи со должина од по 100 метри, откриени се при контрола на патничко моторно возило со албански регистарски ознаки, управувано од албански државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Непријавените риби и рибарски мрежи се пронајдени пред сите 4 седишта на возилото и биле покриени со патосници. Истите се привремено задржани, а против возачот е отпочната соодветна постапка.

OhridNews