Оружјето и муницијата биле сокриени во близина на авто-кампот „Ас“ во Струга поточно во одводниот канал кај кампот. Истите се пронајдени одкако на поширокото подрачје кај кампот на стариот пат Охрид-Струга, беше извршен детален преглед и претрес на теренот. Автоматските пушки одвоено биле завиткани во црни најлон кеси и одвоени од запакованата муниција. Така обезбедени, биле ставени во една голема црна патна торба и вешто сокриени во одводен канал под стариот пат.
Запленето оружје кај автокампот АС во Струга
На лице место направен е криминалистичко-технички увид, понајденото оружје и муниција се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Со цел целосно расветлување на овој настан, се преземаат дополнителни мерки по што ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшри СВР Охрид.
Извор: СВР-Охрид