Селекцијата на Колумбија со триумф (2-0) над домаќинот Америка го отвори 45-то издание на Копа Америка кое се одржува од 3 до 26 јуни.


Колумбијците пред 67 000 геледачи на Левис стадионот во Санта Клара го демонстрираа целиот квалитет кој го поседуваат и заслужено стигнаа до првите бодови во групата.

Резултатот во осмата минута го отвори Запата, а печат на победата стави Хамес Родригез во 42-та откако прецизно биеше од белата точка.


Првата рунда од групата ќе се комплетира со мечот меѓу Коста Рика и Парагвај.

OhridNews