Шон Батие со тројка на 2,5 секунди пред крајот му ја донесе победата на Хјустон над Лејкерс на гости на отворањето на 62-та сезона во НБА лигата што започна ноќеска. Феноменалниот Коби Брајант постигна 45 поени, недоволно за победа на Лејкерс.

Синоќа се одиграа уште две средби.

Актуелниот шампион Сан Антонио дома беше поуспешен од Портјланд 106:97, Јута ги совладат „воините“ од Голден Стејт на гости со 117:96.

Г.М.