Утрово во расадникот на ЈП „Охридски комуналец“ започна реализацијата на проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“, акција која општина Охрид традиционално ја организира секоја година по повод Светскиот ден на животната средина, 5 Јуни.

Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: Кеј „Македонија“, „Илинденска“, „Коста Абраш“, „Кузман Капидан“, „Христо Узунов“, „Климентов Универзитет“, „Нада Филева“, „Боро Шајн“, „Григор Прличев“, „Кочо Рацин“, „Св. Кирил и Методи“, „Браќа Миладиновци“, „Цар Самоил“, „Методи Патче“, „Петар Чауле“, „Аргир Маринчев“, „11-ти октомври“, „Димче Маленко“, „Бранко Шотра“и „Охридска архиепископија“, информираа од Општина Охрид.

Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардинери со цвеќе, истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид денес и утре од 9 до 13 часот, а со себе треба да носат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.

OhridNews