После седум години, денеска започна пософистицирана акција за чистење на дното на охридското пристаниште. Преку отстранување на наносите кои со години се таложеле на овој потег, се цели кон зголемување на оперативноста на охридското пристаниште.

Раководителот на Капетанијата на пристаништа во Охрид, Горан Устијаноски, истакна дека динамиката предвидува чистење на пристаништата во Охрид и „Св. Наум“ како и дел од каналот Студенчишта.

Со оваа акција имаме предвидено три точки на кои ќе работиме. Тоа се пристаништата во Охрид и Св. Наум, односно еден дел во каналот непосредно покрај едриличарскиот клуб и полицијата. Со оглед на временските прилики, имаме дадено рок од два месеца за да се спроведе акцијата, но очекуваме дека од 5 до 7 дена ќе биде завршена работата во Охрид. Во Св. Наум има помалку работа, но се зависи од временските услови.“ – истакна Устијаноски.

Градежните работи ќе ги изведува фирмата „Транс Рајт“, која нa тендерот се покажала како најповолен понудувач.

Градежните работи ќе ги извршува фримата „Транс Рајт“ која беше избрана како најповолен понудувач, со цена далеку пониска од очекуваната. Плаќањето ќе се врши со нафта од државните резерви доделни на охридската Капетанија.“ – додава Устијаноски.

Последен пат, дното на охридското пристаниште е чистено во 2006-та година, но начинот на кој биле изведени постапките не биле прифатливи за охридските бродари.

Ефектите од тоа чистење апсолутно не се видиливи, бидејќи се чистеше на еден начин кој и бродарите во тоа време не го прифаќаа како практичен. Тие постапки ќе ги корегираме, бидејќи внатрешниот дел на пристаништето, посебно покрај кракот на кој што се приоѓа, е доста плиток и неоперативен за поголемите пловни единици.“ – истакна раководителот на Капетанијата на пристаништа во Охрид.

Како што истакна Устијаноски, остатокот од работите кои ќе треба да се изведат, ќе биде оставен за октомври, кога ефектот од чистењето ќе биде најголем.

O.T.