Денес започна асфалтирањето на локалниот пат од селото Злести до Манастирот “Сите Свети” во село Лешани, општина Дебрца. На асфалтирањето му претходеше проширување и тампонирање на банкините како и крпење на ударните дупки. Реконструираниот локален пат ќе биде со должина од 1800 метри, со ширина на асфалтен коловоз од 3 метри и банкини од 0,75 метри од двете страни на асфалтниот коловоз, односно вкупната ширина на новиот коловоз ќе биде 4,5 метри.
Реконструкцијата на овој локален пат е проект на Општина Дебрца, поголемиот дел од финансиските средства се обезбедени преку Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој, а дел се од сопствени средства на општината со вкупна вредност на инвестицијата од 6.691.898.
OhridNews