Во селото Косел денес беше означен стартот на градежните работи за асфалтирање на осум улички  во вкупна должина од 1000 метри и површина од 3000 метри квадратни, кои треба да бидат завршени во рок од еден месец.

Проектот се реализира со средства од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, а по претходно објавен оглас на кој општина Охрид аплицираше со два проекти, меѓу кои и проектот за асфалтирање на улиците во Косел.

Во насока на напорите за развој на руралните средини, на крајот на месец мај, општина Охрид аплицираше на огласот со двете  програми, по што се пристапи кон изработка на проектите, рече градоначалникот Никола Бакрачески.

Вториот проект опфаќа реконструкција на патот од Вапила до Сирула во должина од 1700 метри квадратни и изградба на нов пат во должина од 2700 метри. Рок на изведувањето на градежните зафати е два месеци.

Вредноста на двата проекти изнесува 23.500.000 денари.

OhridNews