Во тек се  активности  за изградба на кружен тек на пресекот на булевар „Туристичка“ со улицата „ Абас Емин“. Во  завршна фаза е изградбата на нова атмосферска канализација на кружниот тек како и поставување на подземни инсталации од страна на заинтресираните економски оператори.Истовремено,јавните претпријатија „Нискоградба“ и „Проаква“ ќе обезбедат приклучоци за новата водоводна,атмосферска и фекална канализација.

Дијаметарот на централниот круг на оваа кружна крстосница е 14 метри,а во самиот кружен тек ќе  има две сообраќајни ленти со ширина од 5 метри. Изведувач на градежните активности е градежната фирма „ИВ-Стил Градба“ од Охрид. Проектот  се реализира  со средства од Буџетот на Општина Охрид и неговата вредност е 3.428.800.


Наредниот период  се очекува да започнат и  активности за изградба на кружен тек  на прескот на булевар „Туристичка“ со улицата „ Јане Сандански“.

OhridNews