Утрово, градоначалникот Никола  Бакрачески во својот Кабинет одржа состанок со претставници од Центарот за управување со кризи, Противпожарната единица, Секторот за комунален развој, на кој  присуствуваа и директорите на ЕВН од Охрид и Македонски телеком од Охрид со цел да се преземат итни мерки за санирање на последиците во опожарената зграда на булеварот Туристичка .


Градоначалникот даде налог веднаш да се пристапи кон санација на настанатата штета, за што ќе се ангажира посебна фирма.


Веднаш после средбата, градоначалникот Бакрачески повторно ја посети опожарената зграда, каде веќе започнаа активностите за санација на истата.

Градоначалникот Бакрачески, уште синоќа ги посети станарите од опожарената зграда,  која од неделата е без електрична енерегија, при што даде ветување дека локалната самоуправа ќе направи се што е во нејзина надлежност за да им излезе во пресрет на граѓаните кои што живеат во оваа зграда.