Со натпреварите од првата рунда, денеска, започна кошаркарска лига за средни училиша во Охрид.

Екипите до средните училишта ќе играат во систем секој со секого, а првопласираната ќе обезбеди пласман во регионалното натпреварување.

Во првата рунда две победи забележаа кошаркарите од Св. Климент Охридски (Гимназија) кои славеа со 34-12 во дуелот со екипата на СОСУ „Св. „Кирил и Методиј“ (економско) односно со 23-7 против тимот на ОУТУ „Ванчо Питошески“ (угостителско). Во меѓусебната пресметка СОСУ „Св. „Кирил и Методиј“ (економско) – ОУТУ „Ванчо Питошески“ (угостителско) триумф славеше „домаќинот“ со 14-3.

Неодамна стартуваше и футсал лигата со што започнаа активностите на Сојузот на училиштен спорт во Охрид.

OhridNews