Деновиве екипите на Јавното претпријатие „Нискоградба“ од Охрид, ја започнаа најавената изградба на тротоар на улицата „Никола Карев“.
Како што претходно истакнаа од ова охридско претрпијатие, целта е зголемување на безбедноста на пешаците на овој потег, преку изградба на тротоар со бекатонска подлога.
Инаку, станува збор за досега неуредена јавна површина и истата се уредува за да се зголеми сигурноста во сообраќајот, пред се на пешаците.
O.T.