Викендов во Штип почна новата боксерска сезона на Македонија каде настапија и охридските боксери од клубот “Алексо Огненовски”.

Тие настапија со шестмина свои натпреварувачи и забележаа половичен успех ,3 победи и 3 порази. Победи забележаа: Михаил Аврамоски, Петар Трајчески и Наум Стојаноски додека поразени беа дебитантите Филип Мајкиќ, Давид Најдески и Кристијан Стојаноски.

Охриѓани продолжуваат со своите подготовки за следните кола како и за финалето на Опен Балкан купот и Меморијалниот турнир “Алексо Огненовски кој ќе се одржи во Охрид на 6- ти јуни.

OhridNews