Денеска, со одигрувањето на мечевите од првата рунда во СРЦ „Климент Колески“ започна новата сезона во Футсал за основни училишта. Во првата рунда победи извојуваа екипите од ОУ Живко Чинго Велгошти, ОУ Братство Единствено, ОУ Христо Узунов и ОУ Кочо Рацин.

Во понатамошниот период ќе се одиграат и наредните рунди од Футсал лигата. Дополнително во календарот со активности на Сојузот на училишен спорт Охрид, се предвидени натпревари во шах, пинг понг, одбојка и кошарка.

Резултати:

ОУ Живко Чинго Велгошти- ОУ Св.Климент Охридски 2:1

ОУ Братство Единство – ОУ Григор Прличев 0:1

ОУ Христо Узунов -ОУ Ванчо Николески Лескоец 1:1

ОУ Кочо Рацин – ОУ Св.Наум Охридски Пештани  4:1

OhridNews