Охридската чаршија вечерва блесна во новогодишно руво. По целата нејзина должина поставено е ѕвездено небо, а амбиентот ќе го надополнат дуќанџиите кои исто така започнаа со празнично украсување.

Поради украсувањето сопствениците на дуќаните во чаршијата дотур на роба во наредниот период ќе треба да вршат со помали возила.

Украси се поставуваат и на улиците во центарот на градот, како и на градскиот кеј.

Според најавите, за претстојните празници општината планира богата програма која ќе започне на 20-ти декември и ќе трае до 20-ти јануари.

OhridNews