Со поставувањето на големи ракометни топки како и знамиња на земјите учеснички на континеталниот собир во Ниш започна одбројувањето до стартот на  Европското првенство во ракомет за сениори.


Градоначалникот на Ниш, Милош Симоновиќ остакна дека до стартот на првенството остана уште 2.400 саати или 100 дена, и дека градот Ниш е подготвен за овој голем спортски настан.

Според него за време на шампионатот се очекува посета од над 4000 туристи, првенствено од земјите кои своите мечеви ги играат во Ниш.


Во спортската сала “Чаир“ која за оваа прилика е доградена и реконструирана ќе играат репрезентациите на Македонија, Чешка, Шведска и Германија.

Ohridnews