Екипата составена од кошаркари родени во САД убедливо го победи составот на играчи од светот со резултат 151-131 во натпреварот „Ѕвездите во подем“ со кој официјално започна Ол стар викендов кој се одржува во Чикаго.

Со вториот триумф во серија на Ол стар викендите во НБА лигата, домашниот тим го изедначи резултатот на 3-3.

За најкорисен кошаркар во средбата „Ѕвездите во подем“ избран беше Мајлс Бриџис кој настапува во Шарлог. Тој дуелот го заврши со 20 поени, 5 скокови, 1 асистенција и 3 украдени топки за 20 минути игра. 20-годишниот кошаркар во 2018 година беше 12 пик на драфтот и веднаш беше трејдуван од ЛА Клиперс во Шарлот.

Натпреварот изобилуваше со доста атрактивни потези и забивања. Еден од потезите за издвојување е тројката на Лука Дончиќ од половина терен и „360“ забивањето на Мурант.

Ол старот програмата продолжува сабота кон недела со шутирањето тројки, забивањето и вештините со топка.

OhridNews