Официјално започна постапката за избор на претседател на ОО СДСМ Охрид, согласно одлуката на Централниот одбор на партијата за распишување на внатрепартиски избори на органите и носителите на функции во општинските организации на СДСМ.

Постапката за избор на нови раководства во општинските организации на СДСМ започна на 27-ми ноември и завршува пред крајот на 2017 година, соопшти владејачката партија.

Неофицијално дознаваме дека интерес за претседателаката функција во огранокот на СДСМ во Охрид имаат истакнати поранешни високи функционери, како и актуелни носители на јавни функции, но и нови лица во партијата.

Кој ќе го наследи Томислав Тунтев на чело на општинската организација на СДСМ во Охрид ќе се знае околу, или по Нова година.

OhridNews