Традиционално и оваа година на 2 Август, ќе се одржи 47. Куп во далечинско пливање „Илинден 2026“, во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008″ од Oхрид.

Стартот на маратонот ќе биде од плажата Горица „Кај Дивоно”, а целта на градското пристаниште пред хотел „Нова Ривиера“. Патеката е во должина од 2,5 км.

Пливачите ќе бидат поделени во две категории: постари од 16 години (родени 2010 година и постари) и помлади од 16 години (родени 2011 година и помлади), но не помлади од 8 години. Првата група ќе стартува во 10:00 часот, а втората во 11:00 часот.

Патеката, како што информираат организаторите, ќе биде обезбедена со медицински и спасувачки екипи на Црвен крст Охрид, Езерската полиција и други служби, а за регуларноста на трката ќе бидат ангажирани соодветен број судии.

Пријавувањето за учество е во тек и ќе трае заклучно со 31 јули.

OhridNews