Пријавувањето на капачите кои ќе пливаат по чесниот крст во осветените водина Охридското Езеро за празникот Водици, започна денеска и ќе се одвива до утрото на 19-ти јануари. Пријавувањето се врши во ресторанот „Св. Софија“.
Заинтересираните ќе добијат упатство за безбедно однесување, а ќе им биде обезбеден и бесплатен лекарски преглед.
Организаторот очекува годинава за Водици да се пријават над 1000 капачи.