Традиционално и оваа година на 2 Август, ќе се одржи 47. Куп во далечинско пливање „Илинден 2026“, во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008″ од Oхрид.

Пливачите ќе бидат поделени во две категории: постари од 16 години (родени 2010 година и постари) и помлади од 16 години (родени 2011 година и помлади), но не помлади од 8 години. Првата група ќе стартува во 10:00 часот, а втората во 11:00 часот.
Патеката, како што информираат организаторите, ќе биде обезбедена со медицински и спасувачки екипи на Црвен крст Охрид, Езерската полиција и други служби, а за регуларноста на трката ќе бидат ангажирани соодветен број судии.
Пријавувањето за учество е во тек и ќе трае заклучно со 31 јули.
OhridNews












