Билетите за стенд ап шоуто на извонредниот охридски актер Никола Тодороски, што ќе се одржи оваа сабота во  Центарот на култура од синоќа се во претпродажба по цена од само 150 денари. Влезници за спектаклот на годината во Охрид можат да се купат во тобако „Фибос“ – трафичено сред чаршија, мјузик шоп „Зи Зи Топ“ и во
Центарот за култура.

Никола Тодороски, утре, пред охридската публика екслузивно во живо уште само еднаш ќе го изведе новиот материјал специјално подготвен за третата сезона на популарната веб комедија „Идиотека“, која наскоро ќе се емитува на OhridNews.

Минатата сабота Никола до врв ја наполни големата сала на Центарот за култура и на охриѓани им приреди незаборавно шоу, а два дена подоцна тој имаше настап пред преполната Универзална сала во Скопје.

Стенд ап шоуто на Никола Тодороски се препорачува на публика над 14 години!

Репризата на шоуто на годината во Охрид е на 24-ти ноември во Центарот за култура во 20 часот.

OhridNews