Денеска, точно на пладне започна продажбата на билетите за Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи следното лето во Русија.

Продажбата на билетите ќе се одвива во две фази на официјалната страна на ФИФА. Во првата фаза ќе се продаваат билети од денеска до 12 октомври, а во втората од 5 декември до 31 јануари 2018 година.

Цените на билетите изнесуваат од 87 до 917 евра, а граѓаните на Русија ќе имаат одреден попуст и за нив ќе има билети од 18 до 102 евра.

По пауза од 12 години организирањето на Мундијалот ќе се врати во Европа. Последен домаќин на стариот континент беше селекцијата на Германија.

До сега покрај домаќинот Русија низ квалификациите пласман обезбедија Белгија, Мексико, Јапонија, Бразил, Иран и Саудиска Арабија.

OhridNews