Лекови за главоболка, температура, болки во стомакот или воспалено грло без рецепт, отсега ќе може да се набават во локалните маркети и бензиските пумпи.

Според новите законски измени вкупно 108 лекови досега се достапни во 10 продажни места, а деновиве предвидено е да започне продажбата и во 86 бензински станици низ цела Македонија.

Согласно Законот за лекови и медицински помагала утврдените лекови од ОТЦ-листата можат да се продаваат без рецепт и надвор од аптеките, односно во определените места за продажба коишто ги исполнуваат потребните услови и кои имаат дозвола од Министерството за здравство да вршат продажба на лековите без рецепт.

OhridNews