ЈП Водовод Охрид започна со реконструкција на дотраената и оштетена азбест-цементна (салонитна) водоводна линија на улица “Воденичарска” во с.Велгошти.
Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува комбиниран цевковод од полиетиленски материјал, вклучувајќи и преприклучување на постоечките објекти со целосно нови приклучоци во должина од 218 метри и тоа: профил ф225 мм во должина од 140 метри, профил ф63 мм во должина од 78 метри и профил ф25 мм во должина од 112 метри, информираат од претпријатието.
Средствата во вредност од 3.081.378,00 денари за реализација на проектот, посочуваат, се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Воедно се известуваат жителите на с.Велгошти дека додека се изведува новата водоводна линија, дел од селото ќе биде со намален притисок, велат од ЈП Водовод Охрид.
OhridNews