Во тек е санација на куќите кои изгореа во двата пожари што неодамна се случија во Охрид. Во поправката на големите штети се вклучи и Локалната самоуправа која ја помогна реконструкцијата на покривите од опожарените куќи. Градежните работи за оваа намена ги извршува компанијата „Ина трејд – Лоте.

Во пожарот што се случи на 29-ти ноември изгоре семејна куќа на улицата „Климентска“. На 4-ти декември голем пожар избувна во семејна куќа на улицата „130“.

OhridNews