Утрово,екипите од ЈП „Охридски комуналец“  започнаа со најавеното сечење на липите на улица „Партизанска“ и реконструкција на дрворедот. Липите ќе бидат заменети со украсни дрва од видот лигуструм.

– Искуството со дрворедот по ул. „Димитар Влахов“ покажа дека овие дрва кои имаат декоративен изглед се отпорни на временски промени, аерозагадувања и заболувања и немаат длобок корен, велат од јавното претпријатие.

Активностите продолжуваат и во текот на наредните денови. Од „Охридски комуналец“ со апел до граѓаните да не ги паркираат своите возила на улицата  „Партизанска“ во периодот од 6 часот до 12 часот и утре, вторник -20.05.2014 год. : потег УИНТ „Св.Апостол Павле“- Мал полигон, среда -21.05.2014 год. : потег Мал полигон- Католичка црква;  и четврток -22.05.2014 год. : потег Католичка црква-Комерцијална банка.

OhridNews