Манастирот Острог изминатиов викенд беше сведок на една длабоко трогателна приказна која ги поврза верата и надежта на македонското семејство Мемиш Апостоловски. По посебен повик и благослов на Архимандритот на манастирот, започна снимањето на документарен филм во продукција на манастирот Острог, посветен на малиот Леон, детето со аутизам кое проговори по молитвата во 2019-та година, и неговата небесна мисија.

Леон Мемиш Апостоловски на овој значаен повик не беше сам. Тој беше придружуван од своето семејство и група од над 77 патници кои патуваа организирано преку агенција. Овој голем број верници му дадоа дополнителна сила на поклонението.

Викендот беше исполнет со клучни духовни моменти со тоа што Леон оствари средба со Протојереј Василије и отпатува во Никшиќ на средба со отецот кој во 2019 година ја прочита молитвата за негово исцеление.

Потоа следеше снимање на документарец преку авторот Радисав Јевриќ кој низ објективот ја бележи мисијата на Леон, прикажувајќи го неговиот мир и молитва пред светителот, како и многу други работи кои ќе бидеме во исчекување да ги видиме. На крај по повик на Архимандритот на Острог, семејството присуствуваше на свечена благословена вечера.

Твојата различност не е слабост, туку повик. Седум години Бог те создаваше во тишина, како што ја создаде земјата лаву мој, а сега започнува мисијата поради која си роден. Благословот од Свети Василиј Острошки не ни беше даден како награда, туку како задача. За многумина ова е исполнета приказна. За нас ова е првиот чекор. Јас сум тука, сине мој. Не само како мајка, туку како твоја поддршка во мисијата што ни е доверена. Да чекорам покрај тебе кога патот ќе стане тежок. Да те држам кога светот нема да разбере. Да те потсетам дека твојата различност никогаш не беше слабост туку повик. Ти не ја бараше светлината. Ти само веруваше. И затоа светлината те пронајде. Затоа постои запишано во списите: Ако е од Бога ќе те пронајде. Дури и ако бегаш од тоа. Ако не е од Бога, без оглед колку и да го бркаш, нема да го стигнеш, упати емотивна порака до својот син познатиот психолог и авторка Амела Мемиш Апостоловска.

Ова патување и документарецот што се подготвува се симбол на борбата и верата на едно семејство кое одбива да се откаже. Леон, низ својата чистота и насмевка, продолжува да биде инспирација и потсетник дека чудата се можни за оние кои веруваат.

Мајката на Леон со ова патување уште еднаш ја потврди својата посветеност на мисијата за подигнување на свеста за аутизмот, но овојпат низ призмата на духовноста и чудата кои се случуваат со вера.

OhridNews