Во текот на вчерашниот ден, започна со работа ад-хок Комисијата за утврдување на настаните од 24-ти декември.
Членовите на комисијата во наредните 20-тина дена ќе имаат секојдневни состаноци на кои ќе бидат разгледувани документи и изјави околу „црниот понеделник“.
Како што истакна претседателот на Комисијата, Борче Давитковски, се разгледувала драфт верзијата на Деловникот за работа, а наскоро се очекува да се договори дали одлуките ќе се носат со консензус или мнозинство гласови.
OhridNews