Завршени во целост градежните зафати во Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески ” – Охрид со што истиот и официјално започна со работа.
Во обновениот објект поставена е енергетски ефикасна фасада 4980 м2, нова електрична, громобранска, водоводна, одводна и атмосферска инсталација, 296 нови врати, прозори, портали, соларен систем со 24 панели кој обезбедува 4000 литри топла вода, нов противпожарен систем, а реновирани се и 40 соби и тоалети во ученичкиот дом и уредена е нова читална.
Исто така, извршени се промена на азбестниот кров со нов лимен 2300м2, промена на подови 1720 м2, обработени и молерисани ѕидови – 5500 м2, и поставување на озвучување на училиштето и ученичкиот дом. Дворот во училиштето е партерно уреден, а поставено е и осветлување.
За краток рок пристигнува нов мебел (клупи, столици, табли, шкафови) и угостителска опрема за кабинетите по практична настава, информираат од училиштето.
За реновирањето на објектот кое започна во 2022 година беа обезбедени 1.7 милиони евра од страна на Министерството за образование и наука.
Кошаркарите на Охрид загубија на домашен терен во вчерашниот натпревар против екипата на Мега баскет од Прилеп постигнувајќи резултат 64:81 Гостите од Прилеп имаа постојано водство во текот на цели...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска на ГП Блаце даде силна подршка на домашните транспортери кои од денеска стапуваат во седумдневен предупредувачки протест заедно с...
На 25012026 во 01:45 часот во близина на авто камп во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 49-годишно лице од Република Албанија Од преземените мерки е констатирано дека тој претходно ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.