На денот на заштитникот на морепловците, Св. Никола, со работа започнува првиот специјализиран портал за наутика во Македонија „www.aquatica.mk“.
„Акватика“ е фирма основана од вљубеници во водата и долгогодишни наутичари. Се занимава со продажба на сите видови пловила-едрилици, глисери, бродчиња, гумено кајчиња, опрема, бои, лакови и све она што е потребно за едно пловило. Исто така се занимава и со одржување и репарација на пловила изработени од стаклопластика.
Зошто портал?
Со развојот на наутиката на светско ниво во последните години, но и на просторот на Македонија и Албанија, се појави потребата од создавање на порталот за наутика, све со една цел, приближување на наутиката до се поголем број на идни наутичари, каде на едно место ќе може да се најде све она што Ве интересирало за наутиката, а досега не сте имале можност да го најдете. Тоа значи, сите оние кои на некој начин се инволвирани во наутиката, да бидат на едно место, од производители на пловила, дистрибутери на пловила, опрема, бродски и вонбродски мотори, сервисери, лизинг компании, осигурителни компании, перални, зимски марини, чартер компании, марини, пристаништа, Капетанија, шпедитери, клубови-едриличарски, кајак, веслачки, нуркачки, мотонаутички, дистрибутери на бои и лакови за наутиката, средства за одржување, корисни совети, линкови, ФОРУМ, мали огласи, саеми за наутика, новости од светот на наутиката итн.
„Акватика“ нуди продажба на нови и половни пловила, бродски и вонбродски мотори-нови и половни, приколки, опрема, средства за одржување на пластиката, транспорт на пловила во и надвор од Македонија, посредува при регистрација на пловила, нуди осигурување на пловила од реномирана светска осигурителна компанија, врши репарација на пловила изработени од стаклопластика, чартери, школи за едрење итн.