Денес, во просториите на Црвен крст Охрид успешно започна со реализација првиот циклус од програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“ наменета за деца на 5 и 6 годишна возраст.

Преку оваа програма децата низ игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училиштните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост, социо-емоционални вежби, вежби за насочување и одржување на вниманието и друго, информираат од ОО Црвен крст Охрид.

Потенцираат дека вежбите се приспособени на возраста на детето и преку нив детето станува свесно за своите способности, се поддржува да не се откажува при правењето грешки и да има храброст да биде креативно.

Планирани се и најразлични теренски работилници на кои дечињата ќе го запознаат со многу корисни спортски содржини, со училишното опкружување и снаоѓање во сообраќајот и др, додаваат од организацијата.

Првиот циклус од програмата ќе трае до 29 јули, а вториот циклус ќе се реализира од 3 до 16 август. Заинтересираните лица може да се обратат за повеќе информации и пријавување во просториите на Црвен крст Охрид или на тел. 078 227-433, 070 315-309 или на е-маил [email protected].

OhridNews