Деновиве, во рамките на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид, започна со реализација проектот „Курајчко сретсело“.

-Со проектот е предвидено рушење на стариот руиниран  до одредена висина и поставување на нов покрив, уредување на простор со скара и шанк кој ке служи за сите манифестации, како  и зачувување на неговата автентичност. Вкупната вредност на проектот изнесува  130. 000 денари, од кои 70 отсто  (100. 000 денари ) ги обезбедува општина Охрид преку Секторот за туризам и локален еконосмски развој, за  30 отсто е учество на Месната заедница од селото Куратица, информираат од општина Охрид.

Со реализација на проектот се очекува да се подобри промоцијата на Василичарските и карневалски манифестации, државните спортски натпреварувања и да се привлечат поголем број туристи.

Согласно Стратегијата за одржлив локален економски развој на општина Охрид и стратешките цели во областа на туризмот, главна намена и цел на проектот е да придонесе за дефинирање на туристичкиот производ и понуда, нивна презентација, промоција на културата, културно-историското и природно наследство и изнаоѓање на нови форми и активности за координиран и одржлив развој.

OhridNews